Сомнително: По скандалозното судење Џони Деп и Амбер Херд го напуштија Холивуд

Добивај вести на Viber

По драматичното судење во кое Џони Деп ја тужеше поранешната партнерка  Амбер Херд за клевета, тој го напушти Холивуд и се пресели во  Англија, каде своевремено изјави дека само таму се чувствува свој. Но не долго по него и Амбер ги спакува куферите и го напушти Холивуд, наводно сега живее во Европа, далеку од целиот метеж.

Како што пренесуваат медиумите, актерката сега се чувстува среќна со својата ќерка далеку од сето она што ја снајде последниот период.

За потсетување, Џони ја тужеше Амбер за клевета, дека наводно ја малтретирал психички и физички. Судењето беше тема број еден низ светот проследено со низа скандали и потресни сведоштва, а Џони од целата таа мешаница излезе како победник.

Тој тогаш изјави дека поротата го вратила во живот и дека вистината никогаш не умира.


Фото:newzesespanol/facebook/screenshot