Ѝ забрани да носи бела венчаница бидејќи не е девица: Младоженецот го послуша семејството
фото:PROFIMEDIA
Mладоженец одлучи да побара совет од своите следбеници на социјалните мрежи, но започна жестока расправија.
Секоја девојка фантазира за својата венчавка, а исто така и за венчаницата што ќе ја носи тој ден. Иако традиционално се носи бела венчаница на свадбите, овој човек рече дека ѝ го забранил тоа на својата свршеница, а кога ја откри причината, ги налути своите следбеници на социјалните мрежи, пренесува Мирор.
На „Редит“, анонимен човек (32) сподели дека потекнува од многу религиозно семејство и дека е против традицијата неговата свршеница (23) да носи бела венчаница.
Јас потекнувам од многу религиозно семејство со силни христијански верувања и една од традициите во моето семејство е дека жената не носи бела венчаница ако не е девица - напиша тој.
- Моето семејство знае дека мојата свршеница не беше девица кога ја запознав затоа што мајка ми ме праша кога почнав да излегувам со неа дали е „чиста“ и јас бев искрен и ѝ реков дека имала момчиња пред да ме запознае мене.
Свршеницата беше многу вознемирена кога ја прашав дали може да носи фустан во боја на денот на нашата венчавка, но сепак се согласи, па наместо бел, ние бараме светкав, син невестински фустан - продолжи тој.
Сепак, тој сега се предомислува затоа што неговата свршеница му рекла дека нема да се омажи за него затоа што е премногу понижена од целата ситуација.
Збунет поради сето тоа, тој реши да побара совет од социјалните мрежи, но започна жестока расправија.
- Ова е болно, не можам да верувам дека таа остана со тебе после ова - коментира еден корисник, додека друг објасни:
- Тоа не е христијанска традиција, ниту пак е модерна традиција. Не постои „христијанска боја“ за невиност во брак или нешто друго. Библиски, невенчани жени или девици носеле шарени фустани. До почетокот на 20 век, сината боја беше традиционална боја на чистота, а на свадбите главно луѓето носеа најдоброто што го имаат. Белата стана модерна поради белиот фустан на кралицата Викторија - беше еден од одговорите.
извор:stbijadanas.com