„Засекогаш твој М.“: Наташа Беквалац добри разгледница со емотивна порака - Ова е човекот кој и приреди иненадување
Пејачката Наташа Беквалац зад себе има три брака, а како што еднаш откри, не планира да облече венчаница по четврти пат.
Имено, Наташа Беквалац истакна дека е целосно фокусирана на ќерките Хана и Катја како и на работата која ја исполнува и дека не го бара „вистинскиот“.
Меѓутоа, неодамна ја заинтригира јавноста објавувајки ја пораката која ја добила.
- Нале мој, едвај те чекам на Ибица. Засекогаш тво М.-пишувало на разгледницата, која натера многумина да помислат дека убавата пејачка повторно е среќно вљубена.
Сепак, разгледницата ја испратил пријателот на Наташа, дизајнерот Михаило Анушиќ.
Да потсетиме, пејачката Наташа Беквалац неодамна за „Блиц“ откри детали од приватниот живот.
- Јас сум сама во родителството. Таа улога ми е најважна, како и на секоја нормална жена. Тоа е енергија која доста ве обзема. Целосно сум посветена на работата што ја работам 20 години на највисоко ниво. Тоа се двете работи кои ме исполнуваат. Човекот мора да биде волшебен за да го вклопам во мојот распоред.
- Се што е големо е тешко. Сметам дека мојата улога е одлична. Секоја мајка знае колку е тешко да се биде самохран родител во овие луди времиња. Уште потешко е да имаш тинејџерка и мало девојче во куќата. Јас ги родив, ги воспитувам и секако се гледам себеси во нив во секој момент. Но ги гледам и нивните татковци – рече таа и додаде:
- Од љубов кон моите деца никогаш нема да зборувам за нивните татковци, особено затоа што немам претерано афирмативни работи што дефинитивно би рекла дека ги имам – вели Наташа.
Фото:Инстаграм