10 факти за чоколадното млеко што не сте ги знаеле

Добивај вести на Viber

Омилен пијалак на речиси секоја генерација и со својот состав корисен и со бројни здравствени придобивки. Во продолжение дознајте 10 работи за чоколадното млеко што не сте ги знаеле:

1.  Изумот наречен чоколадно млеко му се припишува на Сер Ханс Слоун, ирски ботаничар. Тој поминал извесно време во Јамајка во раните 1700-ти, каде што со тамошното население пиел локален пијалак кој содржел какао. Но, бидејќи не му се допаѓал вкусот тој мешајќи го со млеко си го направил повкусен.

2.  Чоколадното млеко, откако било донесено на стариот континент, на почетокот се продавало како лек.

3.  САД има Национален ден на чоколадното млеко и се одбележува секоја година на 27 - ми Септември.

4.  Седум проценти од сите возрасни Американци веруваат дека чоколадното млеко доаѓа од кафеави крави, според едно национално репрезентативно онлајн истражување нарачано од Центарот за иновации на американската млечната индустрија.

5.  Чоколадното млеко е одличен напиток за закрепнување после напорен тренинг, благодарение на совршениот сооднос на јаглехидрати и протеини во својот состав. Ова го потврдуваат и научни истражувања.

6.  Чоколадното како и обичното млеко, обезбедува неопходни хранливи состојки како калциум, протеини, витамини А, Д и Б12, фосфор и калиум. Заедно, овие основни хранливи состојки помагаат во зајакнување на коските и градба на мускулите.

7.  Низ светот постојат многу варијанти на чоколадно млеко, а ние го имаме Битолското чоколадно млеко со 10 витамини. Содржи седум витамини од групата Б односно Б1, Б3, Б5, Б7, Б6, Б9 и Б12кои се докажано неопходни за повеќе метаболички процеси и развивање на мозочни клетки. Застапени се и витамините А, кој се грижи за очите, Д3 кој се грижи за здрави коски и заби и витамин Е за младешки изглед.

8.  Здравствените придобивки на какаото, кое е главна состојка на чоколадното млеко, вклучуваат намалување на воспаленија, подобрување на здравјето на срцето и мозокот, регулирање на шеќерот во крвта, контрола на телесната тежина. Какаото е познат антиоксиданс, помага во спречување на развој на рак и придонесува за здрави заби и кожа.

9.  Млекото со кое се прави чоколадното млеко се смета за комплетен протеин - што значи дека ги обезбедува сите девет есенцијални аминокиселини што му се потребни на вашето тело. Во исто време, чоколадното млеко содржи иста количина калциум како и обичното, а сите знаеме дека калциумот е исклучително важен за здрави коски и заби, како кај децата и младите, така и кај повозрасните.

10.  Битолското чоколадно млеко со 10 витамини е наменето за сите оние кои уживаат во чоколадниот вкус на млекото а истовремено избираат здрав десерт збогатен со витамини. Ова млеко содржи 1% масти, 3,3 грама протеини, 9,0 грама јаглехидрати и енергетска вредност 248 kj / 58 kcal.