10 години постоње на Здружение на граѓани Еко Логик: Растеме и делуваме заедно
Здружението на граѓани Еко Логик, денес одбележува 10 години од негово формирање.
-Една деценија во која констатно работиме на унапредување на неформалното образование, во формални средини!
Илјадници вклучени деца, млади и возрасни, над 50 имплементирани проекти, десетици подготвени едукативни игри, реализирани над 20 вело родео настани, десетици едукативни кампови за деца и млади, и над 50 публикации се дел од активностите кои ги спроведовме низ изминатите години.
Многу насмевки, безброј поминати километри со велосипед, дружба, иновација и интеракција се нештата кои не карактеризираат. Нашата огромна мотивација за потикнување на позитивни промени во општеството ја пренесовме до децата, младите и возрасните. Растевме и растеме заедно! Заедно ја креираме успешната и иновативна приказна на Еко Логик. Како и секоја приказна, наидуваме на предизвици, навидум тешко остварливи достигнувања, но нашата мисија која ја започнавме пред 10 години постојано не потсетува дека секогаш кога постои волја, постои и решение.
Реализиравме бројни истражувања, публикации, анализи за: велосипедизам, одржлив развој, климатски промени, но не и изоставајќи го и градењето на морални вредности и здрави навики. Спроведовме голем број на кампањи и герила акции со цел да допреме до засегнатите страни и да влијаеме на зголемување на свесноста за темите и областите кои се домен на наш интерес, но особено за важни за општеството во кое живееме. Подготививме едукативни дидактички материјали кои на интересен и поразличен начин ја доближуваат темата до учениците. Водејќи се од мислата дека “Заедно сме посилни“, се приклучивме кон коалиции, иницијативи, алијанси на национално и Меѓународно ниво и се стекнавме со соработници кои делуваат ширум Европа и пошироко.
Изградивме социјално претпријатие “Жабец“; Креиравме посебна образовна програма за возрасни “Аналитичар за одржлив развој“; Формиравме програма “Вело Училишта“. Интересот на заинтересирани ученици, наставници и училишта постојано расте, па така во моментов во рамки на вело училишната мрежа има активни 147 основни училишта и вклучено 29 општини на ниво на Македонија.
Приказната наречена “Еко Логик“ продолжува да трае, со уште повозбудливи случувања, исти, но и нови актери, нови предизвици, но уште поинтересни и повпечатливи решенија. Она што останува непроменето е потикнување на позитивни промени во повеќе сегменти на општеството.
Благодариме до сите оние кои оставиле и оставаат трага во работењето на Еко Логик...растеме и делуваме заедно!“
ПР објава