10 години се бореа за потомство: Една година по првиот преглед во „Аџибадем Систина“ Томашевски ја добија Марија

Габриела и Tони Томашевски стапиле во брак во 2014 година, од кога тлее нивната желба да се реализираат како родители. Обидите да создадат потомство по природен пат биле сè потешки и потешки, па решиле да побараат стручна помош. Многу неуспешни инсеминации, оперативни интервенции, неколку неуспешни ин витра во други установи. Двајцата сопружници објаснуваат дека се потребни голема упорност, издржливост и храброст, но исто толку е важно да имате верба, надеж, желба и разбирање, објавија од Аџибадем Систина.

БЕСКРАЈНО БЛАГОДАРНИ ШТО ГО ЗАПОЗНАВМЕ ДОКТОР МИТКО ИВАНОВСКИ

По неуспешните обиди, животот продолжува и мора да се пронајде храброст и истрајност за да се продолжи по патот по кој сте тргнале. Со секој неуспешен обид разочарувањето се зголемувало, сè дури не го запознале доц. д-р Митко Ивановски од Клиничка болница „Аџибадем Систина“. „За доктор Митко Ивановски имав слушано само позитивни коментари, дека е најдобар, дека е голем професионалец и човек и дека усреќил многу семејства. Решив да стапам во контакт со него и нашата борба да ја продолжиме со него. Првата средба со него беше на 4 февруари 2022 година. На тој датум беа и мојот прв преглед, препорачана терапија и совет за хистероскопија“ – објаснува Габриела.

ЕДНА ГОДИНА ПО ПРВИОТ ПРЕГЛЕД ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ТОМАШЕВСКИ ЈА ДОБИЈА МАРИЈА

По прегледот Габриела вели дека си заминала со голема надеж и спокој. Знаела дека има сигурна поддршка и доктор на кој може комплетно да му верува. „Мора да напоменам дека изборот на доктор и тим што ќе ве следи во процесот е многу битен. Стручност, емпатија, достапност на докторите кои вас ве следат во клучните моменти, кога некогаш сакате да се откажете, но и за време на целиот процес. Нашиот доктор Ивановски беше тука за сите прашања, за сите дилеми пред ин витрото и за време на бременоста. По само 4 месеци го направив првото ин витро кај него. Шок, неверување и солзи радосници. По толку време две црти на тестот на бременост. За мене д-р Ивановски е најдобрата личност и најстручниот доктор што сум го запознала. Една година по првиот преглед, јас и мојот сопруг си заминавме дома со бебенце. Пресреќни сме што ја имаме Марија“ – велат родителите.

„Габриела и Тони се исклучително симпатичен и упорен пар во поодмината репродуктивна возраст, кои беа исклучително исполнителни и сè што им беше советувано го прифатија и реализираа. За среќа, со максимален ангажман на целиот тим на Одделот за асистирана репродукција, Гинеколошко-акушерскиот оддел, инструментарките, анестезиолозите, педијатрите стигнавме до долгопосакуваната цел и успеавме да овозможиме да донесе на свет прекрасно женско дете“ – изјави доц. д-р Ивановски.


ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИМА ТИМ НА ПОСВЕТЕНИ И СТРУЧНИ ДОКТОРИ КОИ ВЛЕВААТ ДОВЕРБА И СИГУРНОСТ

Пациентката Габриела и претходно имала интервенција во „Аџибадем Систина“. Вели дека кога другите доктори од установите каде што ги правела ин витро обидите велеле дека премногу е комплицирана операцијата што треба да се изведе и постои голем ризик, доктор Александар Бојаџиев со својот пристап и професионализам ја извел интервенцијата беспрекорно. „Миомектомија правев кај доктор Александар Бојаџиев во 2020 година и многу сум задоволна и од неговиот пристап и стручност. Имав среќа да бидам во рацете на двајца најдобри доктори. Бидејќи ситуацијата за интервенција беше комплицирана, многу доктори не се нафаќаа на интервенција во претходните консултации во други установи. Целиот страв што го имав преминува во доверба, а интервенцијата помина одлично и без компликации“ – вели Габриела. Гордите родители велат дека 23 февруари е нивниот најсреќен ден во животот. Бескрајно се благодарни на целата посветеност на сите доктори и медицински сестри. Почнувајќи од родилната сала, со доктор Марија Васиќ-Атанасовска, потоа докторката што е одговорна за здравјето на Марија, Наташа Најдановска-Алулоска, потоа сестра Тања и уште многу вработени кои ја работат работата со многу љубов. Велат дека токму овој тим е нивна препорака за секој пар што се бори со горчливиот проблем – неплодност.


Текстот е преземен од „Аџибадем Систина“