10 години заедно, годишнина од брак: Познатата македонска инфлуенсерка беше необича невеста (ФОТО)
Познатата македонска инфлуенсерка Марис Џолин која има над 53 илјади следбеници на Инстаграм и над 60 илјади следбеници на Тик Ток, точно пред една година стапи во брак со својот избраник, музичарот Панче Касапски.
Имено по тој повод Марис на својот профил на Инстаграм сподели неколку нивни заеднички фотографии и откри дека се заедно цели 10 години.
Минатата година интимната венчавка за која инфлуенсерката избра необичен комбинезон се одржа во манастирот „Св. Јован Бигорски“.
Марис со својот избраник живее во Шведска, но често се враќа во родниот Штип. Таа е препознатлива по својот уникатен стил и има соработки со многу познати брендови, а претходно за Женски Магазин откри што ќе биде во тренд оваа година, како и дали доволно се заработува од инфлуенсерството:
- Во Македонија солидно се заработува од оваа професија, но морам да кажам дека во странство се заработува 10 пати повеќе од истата... и тоа не преувеличувам! - откри таа.
Повеќе фотографии од среќно заљубениот пар: