10 инспиративни мисли на Анџелина Џоли кои ќе ве променат

Добивај вести на Viber

Кариерата на актерката и активистка Анџелина Џоли брои безброј импресивни улоги во филмови, додека пак, нејзината уникатна убавина низ годините ја впишува меѓу најславните и најубавите жени во светот. Ова се нејзините 10 најубави мисли, досега.

- Кога другите девојчиња сакаа да бидат балерини, јас сакав да бидам вампир.

- Кога ќе тргнам по логичното, и не им верувам на моите инстинкти - тогаш запаѓам во неволја.

- Ако направам будала од себе, на кој му е грижа? Јас не се плашам од перцепцијата на другите за мене.

- Она што ме храни, исто така, ме уништува.

- Ми се допаѓа некој кој е малку луд, но доаѓа од добро место. Мислам дека лузните се секси, бидејќи тоа значи дека сте направиле грешка што довела до хаос.

- Сум била непромислена, но не сум била бунтовник без причина.

- Каде и да сум, секогаш се наоѓам себе си гледајќи низ прозорецот, сакајќи да сум на друго место.

- Сите жени имаат поинакво чувство за сексуалност, или чувство на забава, или чувство за тоа што е секси или кул или тешко.

- Има нешто за смртта што е утешително. Мислата дека би можел да умреш утре, те ослободува да го сакаш и цениш животот во овој момент.

- Терапија? Не ми треба. Улогите што ги избирам се мојата терапија.