10 работи кои жената мора да ги знае за мажот: Едно е битно да знаете за неверството, ако ве сака толку колку што вели, тогаш...

Добивај вести на Viber

Ова се 10 работи што една жена мора да ги знае за маж.

Сите ние многу често сме во недоумица, кога треба да ги толкуваме зборовите, постапките и реакциите на личност со која сакаме да стапиме во врска или со која веќе имаме врска.

Мажите и жените генерално имаат проблем да се разберат, поради нивната различна природа и начин на живот. Жените имаат навика да веруваат во она што го слушаат, но и мажите знаат дека не се однесуваат и живеат според она што го кажуваат. Дејствијата се она што покажува кого и колку сакаме, а се друго е изговор.

Инстаграм профилот successverse_ објавува клипови од подкасти, кои обработуваат различни теми од машко - женски односи до мотивација и постигнување успех. Гостин во еден од подкастите, зборуваше за тоа што секоја жена мора да знае за еден маж. Како да интерпретирате одредени гестови и како да препознаете дали губите време со некого или дали таа личност е соодветна за вас. Ова се 10 работи што една жена мора да ги знае за маж.

- Она што еден маж не сака да го прави, друг маж ќе го прави.

- Ќе те изневери ако сака, но тоа никогаш не е ваша вина.

- Престанете да ја прифаќате реченицата: „Јас сум таква каква што сум“.

- Мажот ќе се однесува со вас според неговите чувства кон вас.

-  Кога ќе ви покаже како се чувствува за вас, верувајте му.

-  Мажот ќе направи се за жената со која сака да биде.

-  Не треба да му кажувате на возрасен маж како да ве сака.

 - Ако те сака толку колку што вели, тогаш неговите постапки треба да го покажат тоа.

-  Не му давајте втора шанса, бидејќи тој е свесен за своите постапки.

-  Не барате премногу, само прашувате погрешен човек.