100% од луѓето знаат како се прават деца, ама 99% не знаат како се создаваат луѓе: Генијални цитати на рускиот педијатар

Добивај вести на Viber

Eвгениј Олеговиќ Комаровски е еден од најпознатите и најпризнати педијатри на територијата на поранешна СССР. Доктор од медицински науки, телевизиски водител и автор на 15 книги за нега на децата. На многу интересен начин излага драгоцени информации за здравјето и одгледувањето на детето, поради што ужива почит на многу родители. Избравме 14 генијални цитати од него и ги споделуваме со вас:

  • 100% од возрасната популација знае како се прават деца, но 99,9% не знаат како се создаваат луѓе.
  • Психичката благосостојба на мајката која води грижа за детето е најголема задача на таткото. Тато е тој чија обврска е да ги решава проблемите со роднините и соседите.
  • Среќно дете е пред се здраво дете, а дури потоа станува дете кое учи да чита и да свири на виолина.
  • Среќно дете е она кое има мама и тато, кои пак имаат време не само да го сакаат него, туку да се сакаат меѓусебно.
  • Ниту големиот број на педијатри, ниту најдобрите нема да ги решат здравствените проблеми на детето. Тоа е невозможно бидејќи во најголема мера зависи од мама и тато, отколку од педијатрите.
  • Детето не му должи никому ништо.
  • Лично, кога ми доаѓаат родители на болни деца, често советувам да набават куче. Зошто? Бидејќи тоa ќе биде причина тие да го прошетаат и детето два пати во денот.
  • Ако вашето дете цела година било болежливо, а не трчало, заминувањето на село(макар било тоа и 30 км од градот каде има шума и тече река), може да има подобро влијание на него отколку летување на море во хотел со 5 ѕвезди.
  • Детето треба да биде баш такво – слабо и активно.
  • Сигурен сум дека најголем дел од децата се раѓаат здрави, но здравјето им го нарушуваат…родители и медицински работници.
  • Кога ќе се роди бебе – човечко младенче – тоа е биолошко суштество исто како и мал волк, маче, мече, прасе… Затоа основна задача во првата етапа од животот е да се држиме до биологијата, за подоцна да преминеме на развој на социологија.
  • Суштината и идеологијата на пелените за еднократна употреба се состои во следното: детето нема потреба од нив! Мајката е таа на која и требаат!
  • Среќата и здравјето на семејството се најважни. Семејството не треба да се однесува во однос на интересите на детето, туку во однос на потребите на целото семејство. Јас не можам да замислам моето дете да добие чоколада и да не ја подели на 4 дела.
  • Што е најважно: ти не си центарот на светот. Ние како семејство – тоа е центарот на светот. Добрите луѓе, секогаш и кон сите се добри. Подели сè што е добро – расположение, храна, предмети. Немој да се жалиш никогаш!