11 ДЕЦА СО СКРШЕНИЦИ И ПОВРЕДИ ПРИМЕНИ ВО ГРАДСКА БОЛНИЦА СКОПЈЕ ПОРАДИ НОВИОТ ТИК ТОК ПРЕДИЗВИК: „Ако паднат на глава ќе има тешки повреди“

Добивај вести на Viber

Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“, а две од нив се со скршеници на рацете, вели в. д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Небојша Настов.

Како што посочи, децата се на возраст од 10 до 16 години и сите се од Скопје. 

- Единаесет деца се примени во болницата заклучно со вчерашниот ден до 13 часот. Можно е и да има повеќе деца, но ова е она што ние го имаме како податок за механизам на повреда - вели Настов. 

На новинарско прашање за каков предизвик станува збор, тој објасни дека станува збор за испружање на рацете во вид на „супермен“ и потоа паѓање на децата.

- Се испружаат рацете како ликот „супермен“. Групата го фаќа и го фрла предизвиканото момче или девојче во висина. Тоа е од она што мене ми објаснувале. Не сум видел и не можам да кажам точно. Има и машки и женски, деца - додаде Настов.

Тој апелира да не се прават во иднина ваквите работи, затоа што може да завршат со посериозни последици. 

- За среќа, од овие 11 деца, две се само со скршеници на рацете, другите се со набиеници. Но, ако ова продолжи, може да има пострашни повреди. Доколку детето падне на глава, ќе има потешки повреди - додаде Настов.


Подетално на Фактор тука.