„12 години работа на бродови за крстарење“: Индија, Куба, Африка, Ноне го прошета скоро цел свет

Поранешната пејачка Ноне Неделковска изминатите години иако не е активна на музичката сцена и не создава нова музика, сè уште е атрактивна и актуелна за медиумите.

Ноне веќе 12 години работи на брод и има можност да посети многу дестинации и да запознае луѓе од најразлични култури. Тоа е навистина ретко искуство, секој ден да си на различна точка од земјената топка.

Ноне имаше можност со работата да посети голем број на земји и градови Индија, Куба, Египет, Венеција, Карибите, Африка, но ова се само дел од нив.

„Април. 12 години работа на бродови за крстарење“, напиша Ноне на фотографија која ја објави на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Nona Nedelkovska (@nona.nedelkovska)


Судејќи според објавите на социјалните мрежи Ноне ужива во она што го работи, успеала задоволство и работата добро да ги избалансира сиве овие 12 години, со повремени враќања во нејзиниот роден Велес.

Фото: Инстаграм