14-месечно девојче почина од топлотен удар: Бабата го оставила во автомобилот
Бабата требало да го однесе девојчето во градинка, но таа тргнала на работа. Детето останало во автомобилот цели осум часа додека бабата не дошла да го земе - во градинка. Кога сфатиле дека не е таму, настанала паника.
14-месечно девојче починало откако нејзината баба го оставила без надзор во жежок автомобил во Њујорк цели осум часа, соопшти полицијата.
Една баба (54) во понеделникот заборавила да го остави своето внуче во дневен престој во Лонг Ајленд и отишла на работа, оставајќи го девојчето на своето седиште во автомобилот, соопшти полицијата во округот Сафолк во соопштението за медиумите.
Осум часа подоцна бабата отишла да го земе девојчето од градинка и сфатила дека го оставила во автомобилот. Детето било пренесено во болница каде било констатирано смрт, јавува „ABC News“.
Тој ден температурата беше 28 степени, но секако беше многу повеќе во автомобилот.
Околу 40 деца годишно умираат од топлотен удар во Соединетите Американски Држави, откако ќе бидат оставени или заробени во автомобил.
Извор: dnevnik.hr