15 годишно момче се самоуби во Аеродром: Не е срамота да си депресивен и да побараш помош
Божидар Божиновски ака Моџо Килингтон е познат писател, сценарист, активист на социјалните мрежи. Тој сподели мислење за случајот со 15- годишно момче се самоуби во Аеродром.
„ Нема никаква паника... Глупаво е да се споредува депресија и суицидалност со Корона вирус од многу аспекти ама сепак, барем засега депресијата зема повеќе жртви кај нас. И да, на епидемично ниво е, а никој не го адресира проблемот. Се труеме со алкохол, лекарства на своја рака, ретко кој оди на психолог или психијатар. И ќе има уште жртви. Не само самоубиства туку и уште многу патење, неможност да се функционира, да се работи... Дури и да не го завршиш животот продолжуваш да живееш во агонија. И пак, никој сериозно не го разгледува ова. „Ќе ти помини“, „На сите им е така“, „Ај бе олабај се“ не се совети шо помагаат. Да помагаа немаше да сме до овде...
Затоа мијте раце ама мијте и мозок, чувства. Депресијата не е слабост, не е срамота да си депресивен и никако не е срамота да побараш помош. Затоа има и професионалци. Како што не е срамота да одиш на доктор за грип, болки или што и да е истото е и ова. Разговарајте, отворете се малку. Гадно време е за сите, постојат луѓе што нема да им е гајле, може ни сопственото смејство нема да ве сфати ама борете се.
До 2025-та (мислам таа е прогнозата) депресијата ќе е втора причина за смртност во светот. Си носи секакви здравствени ризици затоа што сакаш да избегаш од неа. Алкохол, цигари, дроги, нездрава храна, недоволно сон, недоволна активност, комар... Побарајте помош! Немојте вашиот универзум, свет да се сведи на само уште едно соопштение на МВР кое никој не го чита.“