20 години се молев за нив: Мајката на Џеј Ло искрено проговори за зетот
Мајката на
педесет и три годишната Џенифер Лопез, Гвадалупе Родригез кратко се појави во
емисијата „Тудеј“ на NBC, каде што гостуваше нејзината ќерка, за да го најави
нејзиниот нов филм „Мајка“, кој наскоро ќе излезе на Нетфликс. Седумдесет и три
годишната Гвадалупе меѓу другото зборуваше и за својот зет Бен Афлек.
-Знаев дека овие двајца ќе бидат повторно заедно бидејќи се молев за тоа веќе 20 години, рече Гвадалупе, коментирајќи ја разделбата на славната двојка во 2004 година. За време на шоуто Џенифер истакна дека нејзиниот сопруг е одлична татковска фигура на нејзините близнаци Макс и Ема кои имаат 15 години.
-Тој им е прекрасна татковска и татковска фигура. Покрај неговите три прекрасни деца, и тука тој е фантастичен. Бен навистина добро се снајде со предизвикот и тие многу го сакаат. Го ценат, како и јас, изјави Лопез.
Инаку, Бен Афлек неодамна за време на гостувањето во шоуто на Дру Баримор изјави дека Џенифер Лопез е најубавата жена на светот. Холивудскиот актер откри како неговата сопруга го одржува младешиот изглед.
-Ќе ти кажам нешто што ќе те вознемири. Џенифер јаде што сака. Јаде колачиња, пица, сладолед, сè, изјави актерот на водителката Дру Баримор, додавајќи дека неговата сопруга е премногу дисциплинирана и поминува многу време вежбајќи