20 проценти попуст за уролошки интервенции во „Аџибадем Систина“

Добивај вести на Viber

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди специјален попуст од 20 проценти на уролошките интервенции. Во месец кога се посветуваме на машкото здравје на ваков начин ја креваме свесноста за потребата од редовни прегледи, кои се клучни за навреме да се дијагностицираат сите уролошки промени и брзо да се постави дијагноза и да се пристапи кон лечење.

Овој ноември болницата нуди 20 отсто попуст на следните уролошки интервенции – отстранување на простата, ТУР на простата, циркумцизија (сунет) и отстранување камен во уретер. Во секоја интервенција освен попустот се добива и бесплатен специјалистички преглед кој секако е клучен за заштитата на машкото здравје.

На прегледот се прави анамнеза, се испитува здравствената кондиција на пациентот, се прави и ехо по што се дијагностицира промената, односно евентуалниот проблем, болест.

Кај кои интеревенциии се нуди 20 отсто попуст?

Отстранување на простата кај бенигна простатична  хиперплазија е класична хируршка интервенција која се изведува преку мочниот меур, односно  таканаречена трансвезикална простатектомија. Оваа операција се употребува кај пациенти  каде проблем е волуменот на простата кој е поголем од над 80  или 100 грама. Отстранувањето на простата е полесно и со подобар постоперативен тек ако се прави на овој тип на операција.

Тур на простата е отстранување на простата преку ендоскопска метода ,односно отстранување на простата преку уретралниот канал кај мажот со помош на струја. Се прави кога простата е со помали димензии, а доколку пациентот е во потешка  општа состојба  и носи катетер.

Сунетот е една од најчестите интервенции кај машката популација, а се изведува кај мажи кај кои има стеснување на кожата на отворот на пенисот, а кога е отежнато одржувањето хигиена на половиот орган или мокрењето. Помлади пациенти го прават како естетска операција, а во мислманската популација согласно религијата се прави кај секое дете од 1 до 10 години. За оваа интервенција е потребен само ден хоспитализација и нема постоперативни нус појави.

Ендоскопско отстранување на камен во уретер всушност е ласерско кршење на каменот во мочниот меур. Инаку, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствена во која се употребува ласер за оваа намена. Ендоскопската операција се изведува во општа анастезија, во уретерот се навлегува со посебен инструмент преку уретрата, се лоцира каменот и со помош на ласерската сонда се крши.

Со овој попуст на пациентите им се дава одлична можност да се лекуваат по пристапни цени во болницата која е најопремената кличничка болница во регионот, а во која интервенциите ги изведуваат најдокажани професионалци.

Граѓаните кои имаат какво било промена треба да одлучат и веднаш да појдат на лекарски преглед оти само така ќе се заштитат себе. Специјалистичкиот преглед со овие интервенции сега е бесплатен, а кај интервенциите е понуден попуст од 20 отсто.

ПР Објава