31 година помлад сопруг, бикини и самодоверба: Џоан Колинс наполни 90 години и го тресе Инстаграм
Шармантната актерка го живее животот во целост и не крие дека му благодари на Бога што се омажила за повеќе од три децении помлад маж
Познатата британска актерка Џоан Колинс, една од холивудските легенди и дивата која ја видовме во серијата „Династија“ во улогата на Алексис, овој мај го прослави својот 90-ти роденден.
Годините не ја спречуваат да го живее животот максимално, бидејќи е во одлична здравствена состојба, а последните години има и среќа во љубовта. Нема потреба да се трошат зборови за тоа како изгледа - Џоан маѓепсуваше во дваесетите, триесеттите, четириесеттите... а на крајот на деветтата деценија го одзема здивот!
Актерката не се срами да се соблече во бикини, а со следбениците на Инстаграм често знае да сподели забавен момент.
Пред 3 дена за 90-от роденден таа сподели една фотографија од парк, а со нејзиниот сопруг Перси Гибсон (58), Џоан ужива 20 години и се еден од најскладните парови.
Претходно, актерката празниците за Нова година ги помина во бикини, додека цел ден се сончаше и се лулаше во својата вила на Беверли Хилс. Тогаш таа објави фотографии на кои откри како поминале нејзините празнични денови, а на едната од нив Џоан ја гледаме во костим за капење со леопард принт.
Фото: Инстаграм принтскрин