4 програмски подрачја по мајчин јазик за третооделенците

Развивање интерес и љубов за уметноста, зајакнување на креативноста, зајакнување на љубопитноста, на самодовербата. Ова се само дел од целите што треба да ги постигнат наставните програми за трето одделение, кои во моментов се во нацрт-верзија. Наставниците, но и сите други компетентни лица, имаат можност да дадат свои предлози и сугестии за да се подобрат програмите.

Освен тоа, предвидено е на децата да им се развие критичкото мислење, да им се развие способноста за самостојно учење, како и да се оспособат за работа во тим.

Новиот план и фонд на часови предвидуваат мајчин јазик да има пет пати во неделата, математика – четири, светот околу нас ќе учи трипати неделно, исто како и уметност, физичко и здравствено образование, додека, пак, англиски јазик третачињата ќе учат двапати неделно.
Има неколку програмски подрачја кога станува збор за мајчиниот јазик. Со оглед на тоа дека на светско ниво сме меѓу последните држави во светот според читање со разбирање, новите програми предвидуваат да се стави поголем акцент токму на тоа. Во трето одделение по мајчин јазик има четири програмски подрачја – комуникација и јазик, медиумска култура, почетно читање и пишување и литература.
Наставниот предмет Светот околу нас во трето одделение е застапен со фонд од три часа неделно, односно 108 часа годишно. -пренесува Нова Македонија.

Секако, не треба да се изостави и играта, како метод на учење што нуди можности за позитивно влијание на развојот на учениците, пишува во предложените нови наставни програми.