„40 години помладото момче ѝ е последна шанса“: Шер се надеваше дека ќе ја вери, но тој ....

Добивај вести на Viber

Седумдесет и шест годишната пејачка Шер и музичкиот продуцент Александар ставија точка на нивната љубовна приказна, пренесуваат медиумите. Шер извесно време беше во врска со музичкиот продуцент Александр Едвардсон, кој е дури 40 години помлад од неа, а првпат заедно се појавија во Лос Анџелес на Модната недела, со што на сите им дадоа до знаење дека заедно. Се пишуваше дека се вериле во декември, но дека венчавката е одложена.

Всушност, деновиве одекна веста дека парот решил да ја прекине љубовната врска, а деталите за раскинувањето се уште не се познати. Одредени медиуми пишуваат дека тие всушност никогаш не ни биле свршени и дека тоа биле само гласини.

Како што пренесува „Сан“, блиска личност на оваа двојка истакнала каква врска навистина имале:

- Некое време Шер го следеше ова момче како заљубено кученце, но изгледа дека маските паднаа.

– Таа сега го гледа во сосема поинакво светло – тврди друг извор.

За потсетување, минатата година таа ги подгреа гласините дека се вериле кога објави веренички прстен на социјалните мрежи. На Твитер Шер сподели видео од прекрасен дијамантски прстен, а се виде и нејзината рака како ја отвора кутијата. По оваа објава коментарите не престанаа, а честитките пристигаа од сите страни.

Од друга страна пак пријателите на пејачката се навистина загрижени.

- Шер е премногу вљубена. Знае дека не ѝ останува уште многу време да го најде вистинскиот и по два неуспешни брака и безброј катастрофи со момчињата, ова може да и биде последна шанса и нема да дозволи да помине покрај неа. Нормално, нејзините пријатели беа исто така загрижени. Сепак, меѓу нив има разлика од 40 години и 400 милиони долари, би се загрижиле и вие нели– вели изворот.

Инаку, Александар долго време беше во врска со старлетата Амбер Роуз, таа го обвини дека ја изневерувал со 12 различни жени, а тој подоцна призна дека навистина ја изневерувал.


Фото: Tanjug-AP