40% од Gen Z користат иста лозинка на повеќе сметки и искрено сме загрижени

Добивај вести на Viber

Вратете ја контролата врз вашата сајбер безбедност

Огромен дел од нашите животи се случува на интернет и често е заморно постојано да се грижиме за сајбер безбедноста. Но, само затоа што е погодно да се користи истата лозинка за вашиот телефон, апликации и сметки, не значи дека тоа е паметна идеја.

Во една неодамнешна анкета на BDG Studios/OnePoll на повеќе од 1.000 припадници на Gen Ze низ Соединетите Држави¹, речиси 40% од испитаниците признале дека користеле иста лозинка на повеќе сметки, а со тоа ги прави нивните сметки ранливи на напади и на обиди за фишинг.

Тоа не е единственото проблематично однесување во однос на сајбер безбедноста. Истото истражување покажа дека само 39% од испитаниците веднаш бришат фотографии од строго приватни информации - како што се нивните ЕМБГ броеви или боевите на кредитните картички.

Ризикот од кражба на податоци се зголемува уште повеќе кога се прават други вообичаени грешки, како што се испраќање датотеки без шифрирање или неприлагодување на поставките на апликацијата.

Со оглед на тоа што 61% од испитаниците признале дека чуваат работни документи и чувствителни деловни информации на нивните лични уреди, потенцијалните безбедносни напади може да имаат негативни импликации и за вашиот бизнис.

За среќа, постојат решенија за оние од нас кои можеби (или можеби не) сме замениле нов специјален знак во лозинката составена од датумот на нашиот роденден во последната деценија. Samsung Knox, на пример, е комплетна безбедносна платформа која штити  сé и дење и ноќе, од вашиот чип до вашите апликации.

На пример, проверете ја нивната контролна табла за безбедност и приватност, односно вашиот нов „мобилен исфрлувач“. Таму можете да забележите дали некоја случајна апликација се обидува да пристапи, на пример, до вашиот микрофон, и брзо да ја отстраните од вашиот систем.

Тука е и безбедносното решение Samsung Knox Vault, кое ги држи вашите најчувствителни податоци изолирани од главниот оперативен систем, делувајќи како штит за заштита на вашиот телефон на сите нивоа.

Зајакнете ја безбедноста на вашето дигитално присуство со контролната табла за безбедност и приватност на Samsung Galaxy и Knox Vault. Повеќе информации дознајте тука.

Оваа содржина првично беше објавена во Elite Dailyна 22 декември, 2022.  

¹Samsung соработуваше со Bustle Digital Group (BDG) за да спроведе онлајн анкета од ноември до декември 2022 година, на примерок од 1.000 жители на САД на возраст меѓу 18 и 25 години.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телевизори, преносливи уреди, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи и LED решенија. За најновите вести, посетете ја Newsroom на Samsung на news.samsung.com.

пр објава