44 години за Хелена Роза се како 24: За роденденот ја покажа совршената фигура и своето семејство во Нов Зеланд (ФОТО)
ТВ водителката и сестра на пејачката Ребека, Хелена Роза денес полни 44 години.
По повод овој посебен ден, Хелена објави видео со неколку фотки на Инстаграм, каде ја покажа фигурата која ја довела до совршенство.
Несомнено е дека Нов Зеланд ѝ годи, бидејќи се уште може да се пофали со истиот сексапил како и во младоста. А и не попусто рекле - жените се како вино!
За нејзиниот роденден, објави и нова фотка со семејството, на која може да се забележат пораснатите Кјара и Тиан.
22 годишната Кјара е девојка која убавината ја наследила од својата мајка, а малиот Тиан веќе има околу 5 години.
Хелена Роза веќе неколку години живее во Нов Зеланд. За животот таму, во неколку наврати Хелена истакнува дека е мирно и убаво место, и дека таму луѓето се позитивни и секогаш насмеани.
Во градот Окленд, Хелена Роза е со децата и со сопругот Игор, кој е поранешен фудбалер.
Фото: Феjсбук/Helena Roza / Instagram/Helena Roza
Moжеби ќе ве интересира:
ХЕЛЕНА РОЗА: Во Македонија ништо не се сменило откако си заминав