5 години SIXTH SENSE: Природата не создава нешто што е бесцелно

Добивај вести на Viber

Sixth Sense е македонска компанија која веќе 5 години успешно работи на пазарот, разубавувајќи ги дамите со своите производи од природна козметика. Тајната на природната козметика Филимена, сопственичката на компанијата ја наследила од нејзината баба, по која е крстена, но исто така со оваа се занимавала и нејзината мајка Јагода.

- Sixth Sense е макеоднска компанија пионер на природната козметика на македонскиот пазар, поседуваме 40 годишно искуство за развој и производство на козметика, традиционално наследено од моето семејство Лазаревски. Главни виновци и моја инспирација за основање на производствената компанија во 2016 година се Филимена Лазаревска (мојата покојна баба), една од првите козметичари со сертификат за производство на козметички производи на овој простор и  Јагода Лазаревска мојата мајка, вели Филимена и додава:

- Иако имав  интерес кон други професии, пасијата кон производство на природна козметика секогаш беше присутна. Голема привилегија е што учев од мали нозе, се надоградував и директно бев инволвирана во следење на процесот на производство на козметички препарати. Традицијата сакав да ја продолжам од мојата баба и мајка, со тоа што се фокусирав на природната козметика. Со длабока почит кон природата сакав да ги искористиме сите природни суровини бидејки природата не создава нешто што е бесцелно. Ставивме акцент на природните суровини бидејки синтетичките покрај тоа што се туѓи за човечкиот организам  често може да предизвикаат и несакани промени на кожата. Најголем мотив за да создадам македонски бренд кој што ќе биде и воедно конкурентен на странските брендови е потребата нашата кожа да се поттикне да функционира на природен начин. Природната козметика е во хармонија со човекот и природата, го следи биолошкиот ритам  на кожата и ги поттикнува нејзините самокорективни функции. Бидејки сме инспирирани од природата ги креиравме SIXTH SENSE производите за вас, а наши главни адути се: врвен квалитет, традиција и екологија.

* Која е тајната за 5 годишното опстојување на македонскиот пазар?

- Клучот за успех  пред се‘ се низа фактори како докажаниот квалитет, традицијата, иновативноста  и секојдневното следење на трендовите во полето на козметиката со кои ја градиме довербата кај потрошувачите.

Истрајноста, упорноста, посветеноста, цврстата желба за успех и водени од една цел, а тоа е да ги задоволиме желбите на потрошувачите и да ја оправдаме нивната доверба.

Успехот на компанијата се базира на храброста, лојалноста и задоволството на секој вработен, додека постигнатите резултати се должат на тимската работа, почитта и искрената комуникација. Додека, дигиталниот маркетинг ни овозможи  одржлив раст и трајни подобрувања.

Компанијатае дизајнирана и поседува опрема со современа технологија во согласност со барањата за Добра производна пракса. Сите производствени процеси се надгледувани од високо едуциран персонал, со цел да се овозможи најдобар квалитет на нашите производи. Нашиот тим секојдневно го следи трендот за развој на природната козметика, тука се креираат иновативни формули базирани на најновите истражувања во полето на природната козметика.

Иновативноста, креативноста, фокусираноста кон потрошувачите, тимската работа се нашите главни вредности. Целата линија на нашите природни козметички производи е изработена од висококвалитетни материјали кои се избрани од различни региони од добавувачи кои ги задоволуваат високите стандарди за квалитет и истите се во согласност со барањата на Европската регулатива за квалитетен козметички производ.

SIXTH SENSE - ПРИРОДНО ВИСОКО КВАЛИТЕТНИТЕ ПРОИЗВОДИ НЕСОДРЖАТ ПАРАБЕНИ, БОИ, СИНТЕТСКИ ПАРФЕМИ, СУЛФАТИ, ГЛУТЕН, ПАРАФИНИ,СИЛИКОНИ.  НЕ СЕ ТЕСТИРАНИ НА ЖИВОТНИ 

* Зошто баш тоа име го одбравте за вашиот бренд - SIXTH SENSE?

- Накратко ке ви ја опишам мојата инспирација за името SIXTH SENSE. Човечкиот организам се состои од 7 квадрилиони атоми, споредбено со сите 300 милијарди звезди во галаксијата што е неколку пати повеќе. Со секое нанесување на било кој производ од SIXTH SENSE колекцијата за нега на лице и тело се будат сите атоми во човечкиот организам, (тоа може и да го забележите на логото на SIXTH SENSE – атом што се движи) и го будат шестото сетило а тоа е сетилото за УБАВИНА.

Каде во моментов може да се купат и порачаат Sixth Sense производите?

- Sixth Sense производите се достапни во сите приватни подобро снабдени аптеки низ Македонија. Online се достапни настраните на аптеките, но и на платформите за групни попусти mitra.mk, grouper.mk и kupinapopust.mk, додека глобално се достапни на Еbay една од најголемите платформи за продажба преку интернет. Моментално во изработка е и наша страна каде што нашите потрошувачи ке можат online да си ги набават нашите производи.

* Кој стои зад брендот SIXTH SENSE, oткријте ни нешто повеќе за себе?

- Филимена Божиновска - жена претприемач, иноватор во полето на природната козметика, магистер по Криминалстика  и горда мајка на најумното дете Мартин.  По професија сум магистер по Криминалистика, асистентското место на Универзитет го заменив со безусловната љубов кон природната козметика која што традиционално ја наследив од моето семејство Лазаревски. Денес сум тоа што отсекогаш сум сакала дабидамсвесно или несвесно. Добитничка на престижната награда (златен и бронзен медал) на натпреварот за иноваторство кој се оддржа во 2019 година во Сеул, Јужна Кореја во организација на Кореанската организација на пронајдувачи KIWIA и светската организација за интелектуалната сопственост. Љубител сум на природата и сите рекреативни активности што ги реализираме најчесто со моето семејство, како што се прошетка во природа, трчање, искачување, возење на велосипед и играње кошарка.

* Како го менаџирате времето како мајка и сопственик на start up компанија?

- Ретроспективно ќе се навратам на моите почетоци како млад претприемач со голем ентузијазам и желба за голем успех, но воедно и мајка. Не е лесно да се одржи рамнотежа помеѓу бизнисот и семејството. Сепак е интересен и фактот што ние жените менаџираме со душа и со цело срце, но сепак секоја ситница што произлегува од компанијата ја носиме со нас насекаде, дури и во нашиот дом.

Во еден момент ја имаме улогата на мајка, со цел да ги изменаџираме домашните обврски, грижата и негата околу детето и домот, но следниот момент навлегуваме со цврсти и одлучни ставови и идеи во светот на бизнисот. Компонентите на успешна координација помеѓу професионалниот и приватниот живот и однапред испланираните задачи и цели како и истрајноста и упорноста  се фактори кои придонесуваат за позитивни резултати.

За ефикасно решавање на предизвиците и ефикасното одржување на рамнотежа помеѓу бизнисот и семејството неопходно е семејното разбирање и почитување кое го имаат членовите  за прогресот на фирмата. За да може бизнисот да се одржи и движи по нагорна линија,неопходни се вистинските луѓе кои ќе бидат поддршка во секое време. Голема благодарност до моето семејство кое  претставува и мојата најголема потпора за менаџирање на обврските во мојот дом. Сопствениците без вистинските луѓе до нив  само може да бидат заглавени во нивните надежи за раст.

„Семејствата се за љубов, давање и прифаќање. Бизнисите се за одговорност, ефикасност и себе докажување.“ Bernard Kliska 

* Каква е вашата дневна рутина за нега на лицето? 

-Прв чекор – чистење на кожата

Утрото го започнувам сотемелно миење на рацете со цел да не се пренесат бактерии од рацете на чувствителната кожа на лицето. Потоа го мијам своето лице со млака вода. Лицето продолжувам да го чистам со уникатната природно ферментирана мицеларна вода 3 во 1 Crystal Clear Skin.

-Втор чекор – одржување на хидратација на кожата

Серумот Crystal Clear Skin  со витамин Ц , Е,  пробиотик и екстракти е мојот омилен антиоксидантен производ со кој ја освежувам и хидрирам мојата кожа.

-Трет чекор

Дневна крема за сува кожа со природен spf

Уникатната формула изработена од растителни масла, витамински комплекс, уреа и алантоин ја прават мојата кожа која мазна и мека, ја хидрираат и воедно ја штити кожата од надворешни влијанија.

Ноќната рутина ја започнувам со  чистење на мојата кожа со мицеларната вода Crystal Clear Skin. На полувлажно лице го аплицирам хијалуронскиот серумот Bеauty Booster кој  обезбедува длабинска хидратација, го одржува тонусот и ја прави кожата еластична. Потоа аплицирам од кремата против брчки и стареење и како последен чекор од мојата рутина аплицирам  Pure Organic Elixir кој ја регенерира, ревитализира кожата во текот на ноќтаи ја прави свиленкаста.  

Еднаш до два пати месечно го практикувам и третманот за нега на кожа кој е единствен и уникатен, вклучувајќи ексфолијација,чистење и масажа на кожата со 40 годишна традиција реализиран од мојата мајка Јагода Лазаревска.

* Доколку некој побара да му се изработат производи по желба и по одреден состав, дали  сте подготвени да ги произведете истите?

- Sixth Sense ги нуди со своите капацитети и производствени услуги на располагање на своите клиенти да изработи private label производи и линии за нега на лице и тело по високи стандарди. Како производствена компанија ги нудиме нашите услуги со цел да се произведат производи  по желба на клиентите со приватна етикета за локални и странски пазари. Изборот на суровини, амбалажа, дизајн и изглед на краен поризвод им ги препуштаме на нашите клиенти. До сега имаме остварено неколку проекти локално но и за странски пазари. Нашите клинети се презадоволни од изработката на крајните производи. Се буди свеста кај луѓето за нега на кожа со природни производи. Сертифицираните природни суровини, иновативноста, секојдневното следење на трендови во полето на природната козметика, квалитетот и добрата производна пракса  ги мотивира нашите клиенти за нови иновативни проекти.

* Кои се вашите планови за во иднина?

- Нашата визија е да ја збогатиме палетата на производи со тоа што секоја група на производи ќе содржи основни и специјални производи за решавање на основните но и посебните потреби за нега на кожата.Клучна стратегија ни е во иднина да ги пласираме нашите производи на светските пазари. Приоритет ни е да инвестираме  во е-трговијата. Дигиталниот маркетинг стана една од најважните стратегии за постигнување на поголем успех на една компанија.


ПР објава