5 реченици кои секоја ќерка мора да ги слушне од таткото: Искрените разговори со тато остануваат во нашите сеќавања во текот на целиот живот
Врската помеѓу татко и ќерка е навистина посебна! Нивните разговори, како и моделот на однесување на нивниот татко, се исклучително важни за девојките да израснат во квалитетни и психички здрави луѓе. Подоцна во животот, женските деца често се заљубуваат и основаат семејство со луѓе кои личат на таткото.
Иако во пракса се случува татковците да бидат помалку вклучени во воспитувањето на децата, тоа во никој случај не треба да биде така, бидејќи улогата на двајцата родители е важна во воспитувањето на децата.
Затоа би било добро секоја ќерка да ги слушне следните пет реченици од својот татко, бидејќи без нив е можно да се создаде погрешна слика за себе и за светот!
1. Многу си убава!
Таткото е првиот маж што една девојка го среќава во својот живот, па затоа е неопходно да ѝ помогне да изгради самодоверба. Не постои жена која нема потреба да се чувствува убаво, па затоа е важно татко ѝ да ѝ го повторува тоа уште од најрана возраст.
2. Те сакам!
Емоциите не се земаат здраво за готово, запомнете го тоа добро! Девојката станува свесна за тоа како мажот треба да се однесува со неа во зрелоста преку изразувањето на љубовта на нејзиниот татко.
3. За што размислуваш, дали нешто те мачи? / Дали сакаш да разговараме?
Искрените разговори со тато остануваат во сеќавањето на ќерката во текот на целиот нејзин живот и се како ѕвезда водилка за нив. Исто така, преку нив девојките учат како да стекнат доверба кај мажите.
4. Секогаш го заслужуваш најдоброто!
Кога татко им ја кажува оваа реченица, женските деца развиваат извонредно чувство за вредност. Благодарение на тоа ќе знаат да се ценат себеси.
5. Ќе успееш сигурно!
Верувајќи во детето, дека навистина може да ги исполни своите желби, му давате неверојатна мотивација и сила да работи напорно, што речиси секогаш води до успех. Како прво, најважно е да научи да се бори на вистински начин за себе, а со тоа доаѓа и остварување на неговите соништа. Тоа ќе биде нивен водич за добри одлуки и исполнет и среќен живот.
извор: stil.kurirПисмо до мојата покојна мајка: Кога би знаела да правам статуи, би подигнала една во твој спомен