5 женски модни трендови кои ќе доминираат оваа есен

Добивај вести на Viber

Есента е веднаш зад аголот. Оваа сезона секогаш носи нови возбудливи модни трендови. Љубителите на модата сметаат дека есента е најдобра за експeриментирање со стилот, бидејќи отвара простор за слоевито облекување и употреба на силни бои и инкорпорирање на сјајни модни додатоци.

Црвена боја за смел изглед

Светските модни дизајнери се едногласни околу една работа оваа за колекција есен/зима 2023 – се очекува доминација на црвената боја. За разлика од вообичаените пригушени земјени тонови што би ги очекувале на есен, оваа сезона тие повикуваат на смели парчиња во светло црвена нијанса.

Оваа боја може лесно да се комбинира за постигнување на шик, гламурозен и смел изглед бидејќи има разни нијанси. За свечен настан може да одберете класичен црвен фустан што веднаш ќе ги освои сите погледи, додека за дневните комбинации, внесете накит со суптилни црвени ноти за разигран изглед.

Македонскиот пазар изобилува со прекрасни црвени женски фустани, па доколку сакате да бидете тренди и први да зачекорите на улиците носејќи модерни парчиња, погледнете ја понудата на македонските и странските модни брендови достапни кај нас.

Гламур со леопардови принтови

Леопарскиот принт е повторно во мода, а неговата трајна популарност во модната индустрија може да се препише на тоа што овој принт и дава доза на дива привлечност на секоја модна комбинација.

Лесно ќе го комбинирате со бои како црна, бела и беж за да создадете впечатлив контраст. Со ваква комбинација на вас, секаде ќе бидете забележени. Оние кои сакаат смел изглед и експериментирање со комбинации, ваквиот стил го комбинираат и со други принтови кои оддаваат слика на храброст и самоувереност.

Безвременската привлечност на кожните парчиња

Оваа есен привлечете ги сите погледи на вас со нови кожни парчиња. Модните дизајнери и оваа есен го ставаат акцентот на кожата, а на модните писти можат да се видат деловни кожни костуми како и софистицирани црни кожни фустани, совршени за ултра гламурозен изглед.

Од асортиманот на кожни производи, кожните здолништа се особено популарни, бидејќи лесно се комбинираат со маички и кошули, а на вас останува да одберете дали ќе се одлучите за висок или низок струк. За ултра гламурозен изглед, одберете кожни панталони и сигурно ќе го привлечете вниманието на луѓето околу вас.

Луксузна трикотажа

Оваа есен трикотажата се враќа во нашите животи, а со овие парчиња лесно ќе постигнете минималистички изглед, но и целосна удобност. Долгите плетени фустани се идеален избор за романтичен состанок, а ако сакате да го истакнете својот екстравагантен вкус, тогаш одберете плетен комплет.

Оваа есен, задолжителна ќе биде редовната употреба и комбинирање на удобни женски џемпери. Одберете елегантни плетени парчиња и комбинирајте ги со нежен накит или големи женски капути и ќе добиете смела урбана модна комбинација.

Високи чизми

Модните блогерки и дизајнерите се луди по високите чизми и ги сметаат за модно парче кое е задолжително оваа есен. Високите чизми ја издолжуваат силуетата и ги истакнуваат нозете.

Комбинирајте ги со кратко здолниште и кожна јакна и веднаш ќе добиете одлична комбинација за вечерно излегување. Лесно ќе ги комбинирате и со здолниште со шлиц и со капути, а најдобро од сѐ е што високите чизми можете да ги носите и во канцеларија и во диско.


Пр објава