,

6 години успешна приказна - во љубовта е клучот: Бојана Скендеровски прослави годишнина од брак

„6 години успешна приказна…во љубовта е клучот“ - напиша Бојана.

Пејачката и водителка Бојана Скендеровски, ужива во бракот со сопругот Васко со кого ги има ќерката Искра и синот Ѓорѓи.

Токму за својот сакан сопруг и нивните дечиња таа објави фотографија по повод шест години од нивната годишнина од брак.

„6 години успешна приказна…во љубовта е клучот“ - напиша Бојана и сподели фотка од нивната свадба во 2015-та година, наспроти шест години подоцна кога имаат полни раце детски прегратки.


Бојана за Васко вели дека е најдобриот сопруг на светот и често споделува приватни семејни моменти низ фотографии со емотивни посвети и моќни пораки.