8 работи во животот не должите никому, ниту на родителите, ниту на децата: Љубовта никој не смее да ја претвори во кредит
Иако понекогаш имате впечаток дека треба да им го исплатите кредитот
на родителите и да им купите се‘ на децата, всушност никому не должите 8 работи.
Многу луѓе имаат проблем да кажат „не“ некому, но и тешко е да им се каже „не“ на родителите. На крајот на краиштата, повеќето од нас ги сакаат своите родители и сме благодарни за сè што ни дале. Сепак, психолозите откриваат дека има некои работи што не ги должите ниту на вашите родители, без разлика колку тие направиле за вас, но и дека не треба да правите сè за вашите деца.
„Вие навистина не му должите ништо на вашето семејство“, вели Кери Кравиец, лиценциран брачен и семеен терапевт во клиниката Бирмингем Мепл, за „Бастл“, „Исто така, секое чувство на долг или обврска честопати доаѓа од вина или незадоволство, па семејствата треба да размислат убаво дали да ги користат „долговите“ како метод за да ги принудат своите најблиски да направат нешто и да почнат да користат слободен избор и чувство на автономија, што носи повеќе благодарност и пријатни чувства“.
Многуте работи што не им ги должите на родителите вклучуваат „време, пари, место за живеење, работа, вашите чувства, мисли, заедничко мислење за која било тема, вашите религиозни убедувања, вашите политички убедувања, пристапот до вашите деца, интереси, пристап до сопружникот или партнерот и непосредната реакција“, вели терапевтот и нагласува дека, меѓу другото, не им должите: жртвување на тоа што сте, време, среќа, помош...
Еве неколку ситуации во кои не треба да се чувствувате како да должите некому, дури ни на вашите родители и деца.
1. Не мора да ги исполнувате очекувањата на вашите родители
Нивниот проблем е што поинаку го замислувале вашето детство, адолесценција и младост. Не сте вие виновни што сте решиле да живеете според сопственото сценарио. Ако му угодувате на вашето семејство значи криење делови од себе или преправање дека сте некој што не сте, не мора да им угодувате.
„Жртвувањето на вашето чувство за себе за семејните очекувања е добар начин да се разгори гневот и да се повредите“, вели Ана Пос, терапевт од Чикаго, „Здравите односи ви дозволуваат да бидете автентични. Ако вашите семејни односи не го дозволуваат тоа, можеби е време да размислите за поставување на граници“.
2. Не треба да го избирате патот што ви го покажуваат вашите предци
Тие имаа време да изберат, затоа не дозволувајте да ви го одбијат изборот. Одлучете сами - каде сакате да учите и што, со кого сакате да живеете, со кого сакате да се омажите, со кого сакате да работите итн.
Можеби вашите родители имаат соништа за вашата иднина, но никогаш не треба да застанат на патот на вашите соништа. „Да се биде возрасен е време да се направи сопствен пат, понекогаш сличен на нашите родители, а понекогаш сосема поинаков“, вели експертот за односи Марла Матенсон за Bustle.
3. Не им должите никаква помош и немате потреба да бидете наоколу
Секако, ќе ви кажат за осамена старост и дека ќе нема кој чаша вода да им даде.
Ако одлучите да имате блиски односи со членовите на вашето семејство, одлично е што сите можете да сметате еден на друг. Но, тоа не значи дека треба да дозволите некој од вашето семејство да ве користи за секоја ситница за која му треба помош.
Лиценцираниот терапевт за брак и семејство Хајди Мекбејн за Bustle вели дека секако ако сакате треба да помогнете на семејството ако има потреба. Но, некои родители ќе им го „извадат низ нос“ на децата тоа што платиле за нивното образование. Но, тоа било нивен избор, а вие немате обврски за возврат. Ако сте спремни и способни да им посветите време и внимание, одлично. Но, ако не, грижете се за себе.
4. Не им должите секоја секунда од вашето време
Ако одлучите да имате блиски односи со членовите на вашето семејство, тоа не значи дека сте секогаш со нив.
„Не мора да одбиете се‘ за член на семејството кој има потреба“, вели лиценцираната брачна и семејна терапевтка Хајди Мекбејн за Bustle - не мора да поминувате време со нив ако тоа ве прави несреќни или се меша со вашите цели.
5. Не им должите среќа
Никој не е одговорен за среќата на другите луѓе. Се разбира, важно е да се биде љубезен кон другите, но не треба да одите на прсти за да усреќите некого, вклучително и вашите родители.
„Исто така, важно е да се уверите дека ја разбирате разликата помеѓу грижата за вашето семејство и правењето ги нив среќни“, вели Гуарино „Не зависи од вас да му угодите на вашето семејство или да го направите среќно. Можете да им дадете грижа и поддршка, но не мора да се согласувате со сè што велат дека треба да направите или дека е важно“.
На ист начин, не им должите некои работи и на вашите деца.
6. Не сте обврзани да ги преземате проблемите на детето
Ако се налутите на дете кое има лоша оценка или учинок, вашата емотивна реакција му кажува на детето дека неговата оценка е ваш проблем, а не негов проблем. Ако го преземете секој проблем на детето, тогаш ќе мора да го решите секој од нив.
7. Не сте обврзани да му го купувате само најдоброто на вашето дете
Ако не можете да му купите нов велосипед, а наидете на добар половен, нема потреба да се чувствувате виновни.
8. Не треба да одлучувате се за детето
Сетете се кога вие сте биле на негова возраст и оставете го на мира. Дозволете му на вашето дете да одлучи самостојно: бокс или хокеј/кошарка или фудбал...
Фото: freepik
Извор: сенса