,

9 години по венчавката: Пронајдоа заборавен свадбен подарок и научија важна животна лекција

фото:shutterstock

Парот кој го отвори свадбениот подарок девет години откако се венчаа, беа воодушевени кога видоа што има внатре.

Откако се венчаа во септември 2007 година, Кети и Брендон Ган, пар од Мичиген, добија подарок од пратетката на Кети, Алисон.

Но, кога го добиле подарокот, добиле многу строги инструкции, пишува Mirror.

На предната страна на кутијата стоела белешка на која пишувало: „НЕ отворај до првата кавга“.

Подарокот, со години останал заборавен и неотворен - и покрај тоа што парот имал „многу несогласувања, кавги и трескање врати“.

Така, дури кога се обидувале да сфатат што да им подарат на другарите за претстојната свадба, се сетиле на подарокот од тетка им, девет години подоцна.

Парот конечно го отвориле мистериозниот подарок на 30 август 2020 година, а тоа што го пронашле им значело многу. 

Внатре имало две банкноти, една за Кети и една за Брендон, со пораки завиткани околу нив.
Пораката на Кети била: „Кети, оди земи пица, ракчиња или нешто што и двајцата сакате да го јадете“ - тетка Алисон.

Во меѓувреме, Брендон ја прочитал својата порака: „Брендон, оди земи цвеќе и шише вино“ - тетка Алисон.

„Девет години тој подарок стоеше високо на полицата, во разни плакари, собирајќи прашина, но некако не' научи на толеранција, разбирање, компромис и трпение. Денеска решивме да ја отвориме таа кутија, бидејќи конечно дојдовме до реализација, сфатив дека клучот за создавање и одржување на силен, здрав брак никогаш не бил во таа кутија - тој бил во нас“, напиша Кети и додаде дека нејзината тетка била во брак повеќе од половина век.

извор:zadovoljna.nova.rs