А каде е идната прва дама: Трамп најави победа, Меланија не му се придружи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се појави на конференцијата за конзервативна политичка акција (КПАК) и ја посочи својата кандидатура за Белата куќа во 2024 година.

Забележливо беше отсуството на Меланија Трамп, која не беше со сопругот за време на неговиот прв голем говор, откако тој веќе не е претседател на Америка.

Меланија останала во нивното луксузно одморалиште Мар-а-Лаго, кое се наоѓа на само неколку стотици километри од Орландо. И покрај тоа, Трамп не ја пропушти можноста да ја спомене својата трета сопруга и поранешна словенечка манекенка, со која го има синот Барон.

„Меланија е идната прва дама“, рече Трамп.

По поразот на изборите, медиумите во САД шпекулираа дека Трамп и Меланија се пред развод. Исто така беше споменато дека таа и нивниот син Барон се преселија во Белата куќа дури по шест месеци.

Официјалното објаснување беше дека парот не сакаше да го прекинува школувањето на нивниот син. Таблоидите шпекулираа дека таа тогаш барала и добила подобри услови во предбрачниот договор.


Извор: Курир.рс.