А1 Македонија ја претставува првата виртуелна продавница
А1 Македонија оди чекор понатаму во обезбедувањето уникатно дигитално искуство во купувањето на телекомуникациски услуги и на јавноста и ја претставува првата и единствена виртуелна продавница на пазарот.
Од денеска, јавноста добива можност да пристапи на А1 Live Shop - виртуелната продавница на А1 Македонија и со помош на разговор со А1 агент во живо, да добие детални информации за услугите на А1 како и во било кој продажен салон, без разлика каде и да се.
А1 Live Shop виртуелната продавница нуди уникатно искуство за купување преку интернет за секого, особено за оние кои не се во можност да ја напуштат удобноста на својот дом или да се оддалечат од обврските на своето работно место, а особено во овие денови на вонредни услови и со тоа да го заштитат своето здравје и здравјето на сите останати. Виртуелната продавница им овозможува на корисниците да разговараат директно со продажен агент на А1 во живо преку видео стриминг и одблизу да го погледнат посакуваниот уред, да добијат одговори на дополнителните прашања во врска со уредот или услугата за која се заинтересирани и да купуваат преку интернет.
Виртуелната продавница нуди целосен асортиман на производи и услуги, а дополнително, корисниците на A1 Live Shop и онлајн каналот ќе добијат и промотивен бенефит од 3 месеци без претплата за услугата, како и намалени цени за одредени модели на телефони, достапни со специјален попуст. Понудата е промотивна и важи во ограничен временски период, за физички и правни лица на мобилни или фиксни услуги, само за нови и обновени договори на 24 месеци. Количините на телефони се ограничени. За повеќе информации за понудата, проверете тука.
За да биде купувањето побрзо и поедноставно за посeтителите, посветениот тим од продажни агенти на А1 ќе обезбеди персонализиран пристап кон целиот процес на онлајн купувањето.
Поврзувањето во живо преку виртуелната продавница може да се направи со едноставно кликање на иконката со А1 експерт што ќе се појави на нашата веб-страница www.a1.mk/liveshop по што корисникот треба да го внесе својот телефонски број и првиот слободен А1 агент ќе се јави во најкраток можен рок. Корисникот ќе може да го види агентот на екранот, да започне интеракција, при што приватноста е целосно зачувана бидејќи агентот не може да го види корисникот.
Агентот за продажба гарантира дека е во согласност со телeфонскиот разговор, а со вклучување на мобилната камера на телефонот корисникот добива подетален поглед на уредот од сите агли.
За повеќе информации пристапете на www.a1.mk/liveshop или јавете се во Контакт Центарот на 1234.