Адел во костим за капење, за прв пат ја покажа фигурата: Откако изгуби 45 килограми
Убавата Лондончанка, која реши да се промени по разводот, па почна да тренира и да јаде поздраво сега е речиси непрепознатлива.
Иако нејзината трансформација беше во екот на јавноста пред неколку месеци, се уште не сме навикнати на новиот изглед на шармантната музичка суперsвезда, Адел, а секоја нејзина објава на социјалните мрежи предизвикува нова фама бидејќи ретко објавува, а кога го прави тоа, станува збор за изданија во кои никогаш ја немаме видено.
Овој пат Адел изненади со фотографија во горен дел бикини, луда фризура и пердуви-крилја, се разбира овој додаток беше по повод познатиот Лондонски карневал Notting Hill.
Ова е прва нејзина фотографија во костим за капење, на социјалните мрежи.
Без шминка, природна, со линија доведена до совршенство - Адел изгледа одлично.
Секоја чест за упорноста, нека Адел ви биде инспирација дека се' што сакаме во животот можеме да постигнеме.