Адријана Ацевска: „Доаѓаат такви времиња, кога на човекот му е потребен мир повеќе од сѐ“
„Доаѓаат такви времиња, кога на човекот бара мир повеќе од се … Кога не сака да се правда поради тоа што направил нешто лошо, ниту да се фали за она добро што го направил, затоа што сфаќа дека тоа не е битно. Доаѓаат такви времиња кога човекот ќе престане да се бори за некои правдини, бидејќи сфаќа дека таа борба му го одзема мирот“ гласи пораката која пејачката Адријана Ацевска ја сподели со своите следбеници на Инстаграм.
И без оглед кој е мотивот што ја натерал пејачката да го сподели ова видео, вистината е дека доаѓаат и такви моменти во животот на секој еден човек, кога веќе нема сили да се докажува и бори само за да биде добар за другите, туку почнува да го негува својот мир, иако ретко кој има храброст да зборува за тоа.
Сепак не е сè така сиво, Адријана има и тоа како голема смисла за хумор па често знае да се пошегува со своите пријатели. Она што до солзи ги насмеа следбениците е пораката за добро утро која гласи:
- Добро, можеш ли ти малку да бидеш нормална?
- За кога ти треба?