Актуелно // Insta вести
Адријана Алачки баба по втор пат: Се роди Јован, синот Благоја стана татко
- 25 Април, 2024
Пејачката Адријана Алачки стана баба по втор пат. Нејзиниот син Благоја доби син. Тој со неговата избраничка Емилија, станаа родители и го добија синот Јован.
На социјалните мрежи позната водителка Ирена Спровска, воедно и колешка на Адријана од емисијата „Везилка“, сподели фотографија од колаче на кое пишува Јован.
Мекиците биле во скопски ресторан, каде присутните се велеселе за раѓањето на малиот Јован.
Адријана Алачки веќе е баба на внуката Јана, од ќерката Грациела и нејзиниот сопруг, хармоникашот Игор.
Благоја се ожени при крајот на минатата година со неговата избраничка Емилија.
Фото: Инстаграм