Адвокат за разводи откри: „Ако се венчате во овие години, сигурно ќе се разведете“

Добивај вести на Viber

Американскиот адвокат Тајлер Самерс, кој е специјализиран за предбрачни договори и разводи, неодамна откри дека луѓето во нивните 20-ти се премногу млади за да стапат во брак.

Тој ги советува младите да почекаат барем до 30 години за да го кажат судбоносното да. „Во вашите 20-ти, сè уште се барате себеси. Немате поим што сакате долгорочно“, смета овој адвокат од Бостон. Тој додава дека ако чекате десет години, ќе имате подобра финансиска стабилност и подобро ќе се разберете себеси.

„Луѓето кои стапуваат во брак на 30 или повеќе години имаат изградено кариера. Можеби имаат повеќе пари, позрели се. Тие се подготвени за долга, посветена врска. Внимавајте на зборовите на мудроста од адвокатот за развод и не стапувајте во брак во 20-тите“, истакнува Тајлер во своето видео. Личноста со која ќе се омажиш на 21 година е сосема друга личност кога ќе наполни 28 години“, заклучил тој.

Самерс го сподели својот совет на TikTok, а видеото предизвика големо внимание и многу реакции.

@bostonfamilylawyer Discovering yourself in your 20s? Check. Transformations by 30s? Double-check! As a divorce lawyer, trust me when I say: Skip the 20s weddings! Find the right timing for lasting love.  #Divorce #DivorceAttorney #DivorceLawyer #DivorceSupport #DivorceTips #DivorceTok #HappilyEverAfter #LawyersofTiktok #Marriage #RelationshipSecrets #TimingIsKey original sound - Boston Prenup & Divorce Lawyer

„Омажи се кога сакаш, нема соодветна возраст“, ​​вели една личност.

„Секој што не се согласува со тебе, сега е во своите дваесетти“, се пошегува друг.

„Според мене, стапувањето во брак на млада возраст ве тера да растете и да се формирате заедно. Се омажив на 21 година и не се каам“, изјави трет корисник.

Инаку, студијата спроведена во 2016 година од „Psychology Today“ покажува дека паровите кои стапуваат во брак во 20-тите имаат 50 отсто поголеми шанси за развод од оние кои подоцна се венчаат. Истата студија покажала дека најдобро време за брак е помеѓу 28 и 32 години.