„Аџибадем Систина“ и „Орка холдинг“ дел од националната акција за заштеда на електричната енергија
Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’ и „Орка холдинг“ изразија поддршка на иницијативата за заштеда на електрична енергија во услови кога земјата се наоѓа во кризна состојба во енергетскиот сектор. Во следниот период во и низ болницата целосно ќе се изгасат некои од светлечките реклами, а дел ќе се вклучуваат редуцирано во временски периоди кога истото е неопходно за функционирање на објектот. Во целосна функција ќе бидат само светлечките знаци што имаат за цел да ги информираат пациентите, односно служат како патоказ за нивно упатување до влезовите, одделенијата или излезот на болницата. „Орка холдинг“ ќе ги исклучи сите светлечки обележја на компанијата. Покрај тоа, во болницата и во холдингот се апелираше и до сите вработени на рационално користење на електричната енергија во работните простории.
Како најголема приватна здравствена установа, Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’ и „Орка холдинг“ како едни од најголемите компании и работодавци на пазарот имаат сериозна, одговорна улога во рамките на своето дејствување. Општествената одговорност која е дел од корпоративната стратегија, Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’ и „Орка холдинг“ досега ја потврдиле преку низа општествено одговорни активности на кои биле иницијатор или активности од кои биле дел и дале отворена поддршка, а сè во корист на општото добро и заедницата.
Со овој чекор, Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’и „Орка холдинг“ ќе дадат позитивен пример за одговорно и рационално користење електрична енергија во услови на енергетска криза истовремено испраќајќи апел за охрабрување на сите други компании и поединци да се вклучат во оваа иницијатива.
Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’и „Орка холдинг“ планираат да го прошират своето општествено одговорно делување и со насочување кон долгорочни решенија за заштеда на енергија, како и одлуки и активности кои го поттикнуваат концептот на одржливост и ја подигнуваат свеста за заштита на животната средина.
ПР Објава