Pay It Forward глобалното хуманитарно движење го доби своето второ издание викендов во Скопје. Клиничката болница Аџибадем Систина, сo свои активности даде свој придонес кон ова движеење на добра воља во светот, со тоа што, додели 100 бесплатни прегледи, по случаен избор, за своите пациенти кои што ја посетија болницата на крајот на минатата недела.
Кон активностите се приклучија и сите вработени во Аџибадем Систина, со интерна акција за правење едно или повеќе добри дела еден на друг. Во саботата, пак, акцијата Pay It Forward кулминираше со хепенинг во скопскиот Градски парк, кај Школка, чија цел беше ширење на позитивна енергија, поттикнувајќи ги луѓето на креирање добрина во светски рамки.
Pay It Forward – Продолжи понатаму, е една од најголемите глобални хуманитарни акции, која е проширена во осумдесетина земји ширум светот, промовирајќи и развивајќи чувство на заедништво и сплотеност меѓу луѓето.