Агнеса како 25 годишна на својот роденден: Напoлни 40, луксуз и огномети за паметење

Добивај вести на Viber

Луксузна роденденска забава имаше викендов познатата скопјанка Агнеса Органџиева.

Торта на два спрата, цветни букети, декорации, огномети, се само дел деталите кои ги имаше на роденденската прослава на Агнеса.



Органџиева, својот роденден го прослави во петокот во кругот на најблиските во еден познат ресторан во Кавадарци , каде во саботата забавата продолжи но во друг локал исто така во Кавадарци каде згодната русокоса ги собра најблиските пријатели.


Агнеса привлекува често внимание во јавноста со изгледот. Згодна е, а витките нозе често ги става во преден план.

На роденденската забава носеше мини фустан кој е изработен специјално за оваа пригода.


Агнеса на својот инстаграм – профил, брои над 100.000 следбеници, а најчесто споделува фотографии од приватниот живот, спомени од годишните патувања како и овековечени моменти минати со семејството и пријателите.


ФОТО: Инстаграм