Ако се придржувате на правилата, ќе ја пропуштите целата забава! Pear Inc, Juliette Has a gun

Добивај вести на Viber

Pear Inc. е парфем со мирис на зелена крушка обвиена околу млечна срцевина на мошус, во комбинација со Амброксан кој ја истакнува слатката страна.

Небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце!

Палав мирис кој веднаш ќе ве насмее!

Основачот на брендот Romano Ricci посака да го посвети парфемот на своето омилено овошје, топлите сончеви денови и доброто расположение.

Создадов нов мирис размислувајќи за враќање на топлите сончеви денови и за моето омилено овошје, крушата. Се сеќавам како дете, забележав дека крушата во садот со овошје се истакнува во формата, дури и пред да ја гризнам. Плодот од круша ја гаси жедта, бидејќи се состои од 85 проценти вода, богата е со витамин Ц и поседува хидратантни својства, но сè уште ретко се користи во креирањето на парфемите. Pear Inc. е мојата визија за освежувачки мирис со гурмански додатоци. Овошен и мошусен мирис, интензивиран со амброксан и круша, како ветување за прекрасно лето“ – изјави Romano Ricci, основач на Juliette Has A Gun по повод промовирањето на новиот мирис.

Горна нота: зелена круша

Средна нота: амброксан

Базна нота: мошус

Мирисни карактеристики: Мошусно овошен