Актерката Тамара Драгичевиќ е повторно бремена: Со сопругот го очекуваат нивното трето дете

Добивај вести на Viber

Принова во семејството на актерскиот пар од српскиот филм „Тома“...

Српската актерка Тамара Драгичевиќ која ја имаше главната улога на Силвана Арменулиќ во филмот „Тома“ кој доживеа голема популарност, е бремена.

Актерката заедно со сопругот Петар Бенчина кој ја играше улогата на Др. Алекса Хаџипоповиќ во „Тома“, го очекуваат нивното трето дете.

Посебно среќни поради радосната вест се нивните син и ќерка, Сташа и Лазар, кои со нетрпение очекуваат нов член во семејството.

Парот се уште јавно не потврдил дека Тамара Драгичевиќ е бремена, но актерката на својот Инстаграм го сподели линкот од интервјуто која го дала за српски медиум со наслов „Тамара Драгичевиќ е бремена по трет пат“. 


Да потсетиме дека Тамара и Петар се венчаа во 2016 година на една бајковита свадба на плажа, а истата година станаа родители на ќерката Сташа.

Синот Лазар ги израдува во 2019 година, а сега 2024 ќе биде посебна година за нив.

Фото: Инстаграм