Алармантни бројки: Голема загаденост по силниот ветар во Скопје
По силниот северозападен ветар кој почна да дува попладнево во Скопје, мерните станици на министерството за животна средина покажуваат загаденост и до 35 пати над дозволеното. Во главниот град се крена огромна прашина, а алармантните бројки можете да ги погледнете ОВДЕ.
Според метеоролозите попладне, а особено кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава.
Од вторник времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени. Од среда наутро осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата. Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.