Александра Пријовиќ открива детали за брачната интимност и за приказните за нејзината втора бременост: Филип ме сака во такво издание
Александра Пријовиќ со месеци е во центарот на
медиумското внимание поради големата регионална концертна турнеја. По Белград и
Сараево, следуваат Ниш и Загреб. Пејачката присуствуваше на настан во Белград
организиран од Лепа Брена. Таму биле и другите членови на семејството
Живојиновиќ, а Прија не се одвојувала од сопругот Филип.
Пејачката одвои време да разговара и со седмата сила, па одговори на неколку актуелни прашања. Со оглед на тоа што Лепа Брена покрај музичката кариера успешно води и бизнис, на почетокот беше прашана дали себеси во иднина се гледа како претприемач.
„Тешко е покрај пеењето. Но никогаш не се знае. Никогаш не се знае што може да се случи утре“, изјави Пријовиќ.
Пејачката изјави дека по напорната турнеја се одмара и се чувстува супер, вели дека сето тоа што и се случило и дава уште повеќе енергија да продолжи да прави музика и да пее за публиката.
Нејзините следни закажани концерти се во Ниш и Загреб и подготовските се во тек.
Пејачката секогаш истакнува дека ништо од ова што сега и се случува не би било возможно без нејзиниот сопруг, Филип.
„Јас и Филип секогаш имавме поддршка од сите, но главно сè правевме сами. Сакам да бидам реална и да кажам дека се што се случува денес го направивме јас и тој“, вели пејачката.
Во српските медиуми се шпекулира дека Пријовиќ е бремена со второ дете, но таа ги отфрлила гласините и вели: „Не сум бремена, тоа е глупост“.
На прашањето какви се реакциите на Филип кога ќе се појави во секси облека, Пријовиќ рече дека се што таа ќе донесе дома, веднаш се обидувала да го натера сопругот да го прокоментира. А неговите коментари најчесто биле дека се што сега таа носи, добро и стои затоа што сега е во добра форма.
Фото:Извор: mondo.rs