„АЛКАЛОИД“ Е КОМПАНИЈАТА ШТО ЈА ОДБРАА ГРАЃАНИТЕ - дури 41 отсто од нив сакаат таму да работат

Добивај вести на Viber

Сте размислувале ли во која од поголемите македонски компании би се вработиле доколку имате можност? 

Сајтот Vrabotuvanje.com направи анкета на оваа тема, а понудени опции беа дел од најголемите македонски компании. На анкетата одговориле 1.468 испитаници. 

Еве ги резултатите, да одиме со ред, од долу па нагоре.

Еден отсто од испитаниците се одлучиле за Млекара АД Битола, два отсто за Прилепска Пиварница, по три отсто за Зегин и А1 Македонија, а четири отсто би работеле во Витаминка.

Следна компанија на листата е Македонски Телеком, за која се изјасниле седум отсто од испитаниците. Осум отсто од испитаниците би работеле во Пивара Скопје, а дел од коментарите на испитаниците се „Најдобра компанија со најдобри услови за работа. Една од посигурните компании во земјава“.

Потоа, 12 отсто би ја избрале ЕВН Македонија како компанија во која би работеле доколку имаат можност. „Одлични плати и работни услови“ - коментираат испитаниците.

За Макпетрол се изјасниле 14 отсто од испитаниците. Во еден од коментарите за оваа компанија стои „Одлично организиран систем на работа“.

Дури 41 отсто од испитаниците, односно 601 граѓанин, се изјасниле дека би работеле во Алкалоид. 

Од многуте позитивни коментари издвојуваме: „Алкалоид ќе ја изберам, бидејќи е компанија со долгогодишно искуство и економски одржлива на пазарот, со развиен систем на општествена одговорност. Грижата за здравјето на сите луѓе, а посебно здравјето на децата, ја прави сама по себе „благородна" работа. Во време на економска криза и пандемија во светски размери, води грижа за здравјето на своите вработени, нивните семејства и наоѓа начин за навремена исплата на плати, нови вработувања, мотивација на вработени и нивен постојан развој. Сметам дека во оваа компанија можам многу да научам и да допринесам во иднина.“ „Затоа што е една од најдобрите и најоговорни фирми во Македонија и во Европа. Остава простор за развој на младите и поголем интерес кон целта во нивниот живот.“


И конечно, пет отсто ја избрале опцијата „Друга компанија“.

Сите одговори и коментари можете да ги видите на ЛИНКОТ.