АЛВИН АЛИЧЕВИЌ ЈА НАПУШТА ПОЗИЦИЈАТА ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ШПАРКАСЕ БАНКА
На 5.10.2023 г., по повеќе од 6 години во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, господинот Алвин Аличевиќ одлучи да прифати нови предизвици и да ја продолжи својата кариера надвор од Шпаркасе Групацијата.
За време на неговиот ангажман, настојуваше позитивното долгогодишно искуство стекнато во другите земји членки на Ерсте Групацијата, да го пренесе и да го примени во секојдневното работење во Шпаркасе Банка АД Скопје.
„Мојaта досегашна работна кариера ја посветив на зајакнување на позиционираноста на Шпаркасе Банка АД Скопје, но исто така и на дигитализација на Банката и градење силен посветен тим. Заедно, успешно ја завршивме интеграцијата на Охридска банка со Шпаркасе Банка АД Скопје и многу успешно ја позициониравме Шпаркасе Банка на пазарот“, изјави тој.
Шпаркасе Банка му благодари за досегашниот ангажман и му посакува понатамошен професионален успех и богата кариера.
*Пр објава