Aктерот Џорџ Клуни викендов во Њујорк го прослави 57-от роденден, во друштво на сопругата Амал Клуни.
Амал облече кус комбинезон, во тегет нијанса. Едноставната креација ја надополни со златен ремен и клач во истата нијанса, а сандалите од Џими Чу се во беж нијанса.
Комбинацијата во целост ја нагласи нејзината витка фигура, поради што многумина прокоментираа дека можеби е премногу слаба.