АМБИЦИОЗНА И ОДЛУЧНА СО СОВРШЕН СТИЛ: Која е Аријана Коскарова?

Добивај вести на Viber

Млада, амбициозна и секогаш насмеана. Ова е првиот впечаток кога ќе ја запознаете Аријана Коскарова, основач и раководител на Академија за маркетинг и пр - Creative Hub. Долго време со адреса надвор од Македонија, Коскарова пред извесен период одлучи да се врати дома и наталожените знаења и искуства да ги преточи во еден концепт кој навистина недостасуваше на домашниот пазар.

Creative Hub е Центар за неформално образование со Академии за маркетинг и ПР, графички дизајн и за програмирање.  Коскарова во мај годинава беше поканета од Forbes на глобалниот самит во Израел, а на 25 октомври на нејзина иницијатива во Скопје се одржа и првата after work конференција за ПР индустријата.

- Идејата за Creative hub дојде во соработка со Google кампусот во Мадрид и тимот на Web Summit. Сметавме дека на Македонија и треба место каде не само што ќе држиме сертифицирани курсеви, туку ќе им дадеме можност на сите студенти да учествуваат на светските Tech саеми во Берлин, Лисабон или Хонг Конг - објасни Коскарова во едно интервју.

Настрана од професионалните успеси кои во континуитет ги реди, Аријана е млада девојка која обожува да патува. Редовно среќава луѓе со впечатливи биографии, а тие искуства понекогаш ги споделува и на социјалните мрежи. 

Моментално престојува во Милано каде имаше можност да се дружи со влијателни лица од светот на модата, меѓу кои со Алесандро, моден фотограф на „Вог“ и со Филип Нојфелт, креативен директор на „Есте Лаудер“. И самата ги следи трендовите во оваа индустрија и секогаш одбира интересни модни парчиња кои совршено ги комбинира.

- Ме мотивира стравот од неуспех. Можеби е чудно, но бидејќи сум лав во хороскоп важам за навистина амбициозен знак кој ретко се откажува. Од една страна неуспехот, а од друга страна неуморната желба за создавање - порача Коскарова во една прилика.