Амела се роди со 550 грама, Амра со 820: Среќна приказна за две палчиња кои среќно си заминаа од ГАК
Две мали, а големи хероини
Од Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје објавија среќна вест за двете палчиња Амела и Амра кои по подолг престој на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), конечно си заминаа дома кај своите родители.
„АМЕЛА СЕ РОДИ СО 550 ГРАМА, АМРА СО 820 - СРЕЌНА ПРИКАЗНА ЗА ДВЕ ПАЛЧИЊА
Амела се роди на 29 ноември минатата година, со екстремно мала родилна тежина од само 550 грама. Нејзината мајка Илзан Османи ја роди во 25 гестациска недела.
По 156 дена престој на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), Амела, како здраво девојче со тежина од 2640 грама, на 6 мај си замина дома, кај своите родители.
Второто палче Амра, пак, се роди исто така како екстремно прематурче, со 820 грама и тоа на 8 март. Таа престојуваше кај нас 80 дена и на 27 мај нејзината мајка Мелеќије Сулис си ја зеде во прегратка и си ја однесе дома. Амра замина од ЈЗУ У ГАК – Скопје со тежина од 1800 грама.
На голема радост на сите нас, педијатри и медицински сестри акушерки, двете мали хероини се изборија со сѐ она што го носи предвременото раѓање.
Растете среќни и имајте детство исполнето со љубов и со здравје, уживајќи во прегратките на своите најблиски.
Ние, секако, продолжуваме со успешните приказни на нашиот тим на ОИНТ.“
*Роден во 24 недела со 690 грама: Нашиот Озан по 6 месеци на Интензивна нега си оди дома