Роден во 24 недела со 690 грама: Нашиот Озан по 6 месеци на Интензивна нега си оди дома

Добивај вести на Viber

Вистински мал херој

Од Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје објавија среќна вест за малиот борец Озан кој замина дома по шест месеци на одделението за интензивна нега и терапја.

„ОЗАН, БЕБЕТО ОД САМО 690 ГРАМА, ЗАМИНА ДОМА СО 2400 ГРАМА

Во прегратките на своите родители, вчера по шест месеци престој на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), во стабилна состојба и со телесна тежина од 2400 грама дома си замина уште едно предвреме родено бебе.

Озан е роден на 20 декември 2023 година во 24 гестациска недела со тежина од само 690 грама и со должина од 33 сантиметри.

Безмалку половина година оваа екстремно прематурче се бореше заедно со лекарите, медицинските сестри и со акушерките и на наша огромна радост херојски ги надмина сите препреки, од кои некои не беа воопшто лесни.

Му посакуваме среќно детство, многу радости да внесе во животот на своите родители и низ животот да се бори со истиот жар што го покажа уште од првиот миг од своето раѓање.

Озан и другите предвремено родени бебиња секојдневно преку борбата за живот покажуваат што значи храброст и колку е вреден животот, со што на медицинскиот персонал му даваат сила да го издржи секој нов ден.“