Ана Бекута ослабе 12 кг. За само 3 месеци: Имала 5 оброци дневно, но апсолутно не смеела да јаде една храна

Добивај вести на Viber

Пејачката Ана Бекута ослабе 12 килограми за само 3 месеци со посебен режим на исхрана кој строго го следеше.

Ана Бекута своевремено важеше за една од најубавите пејачки на српската естрада, а имаше линија на која и позавидија многу колешки. Меѓутоа, со текот на годините почнала да се дебелее. Сепак, пејачката никогаш не си дозволила многу да се здебели, а често била и на диети.

Откако забележала дека се дебелее, пејачката започнала посебен режим на исхрана. Таа пред две години зборуваше за својата борба со килограмите, а за Жена Блиц откри како успеала да ослабне 12 килограми за само 3 месеци.

„На петти февруари годинава се сеќавам на датумот, решив да се позанимавам со килограмите - во најголема мера, од здравствени причини. Забележав дека дишам потешко, дека килограмите ме гушат“ - изјави Ана која пред детето имала покачен холестерол и хипертензија.


„Бев среќна што публиката не ме обвини за вишокот. И јас не страдав поради тоа, едноставно немав време да се погледнам така во огледало бидејќи имав многу работа“,  изјави Ана.

Пејачката имала специјална диета заснована на „концептот на телото“, дизајнирана од Клаудија Адеми, експерт за нарушувања во исхраната. Ана имала 5 оброци дневно - три главни оброци и две ужини, јадела строго на три часа, не користела сол, а како зачини користела бибер и куркума, секогаш заедно.

Ана приготвувала храна во маслиново масло, а од менито ги извадила компирите. Секој ден пиела и по 1,5 литри вода и многу чај. Конзумирала само млечни производи без лактоза, поради алергија.


Нејзиниот појадок главно се состоел од црвени бобинки, како и други овошја со низок гликемичен (како киви) кои ја намалуваат желбата за слатки и го одржуваат шеќерот во крвта под контрола.

Посебен ден бил четврток (ден за детоксикација), а тој започнувал со стандарден појадок. Во текот на денот, на секои три часа, пејачката јадела лубеница или ананас.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)


„За три месеци ослабев 12 килограми, но после тоа ми одеше малку побавно. Приближно, два и пол до три килограми месечно“, изјави пејачката и додаде:

„Се чувствувам многу добро, здраво. Крвната слика никогаш не ми била подобра, а со оглед на тоа дека се борев со холестеролот, сега го немам тој проблем, а пилулата за притисок ја преполовив. Ана која активно тренира веќе 10 години нагласи дека сега има енергија за секого.

„Малкуте килограми се достижни. А, еве, уште не сум слаба, слаба, но полека стигнувам, не брзам. Сите го знаат тоа. Имам 60 години, а жените во шеесеттите треба да бираат меѓу задникот и лицето, тоа одамна го кажа Катрин Данев“, изјави еднаш Ана за Жена Блиц.


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot

Освежителна есенска промена на фризурата: Ана Бекута стана огнена црвенокоса (ФОТО)