Ана Бунтеска: да ми си најдеш пиле чо’ек – лек

Добивај вести на Viber

Никому да не бидеш чо’ек-отров

Никого да не поболуваш во душата и во умот

Оти на чо’ека душата ко ќе му заболи

Лек не се наоѓа ни под дрво ни под камен

Ќе му црнее

Ќе му изгние

Ко јаболко забора’ено на астал

Така душата чо’ечка гние

Полека

Скоро и да не можеш да видиш

Дур’ еден ден не се стопи ко свеќа

Та после ќе речат абе од срцето му било

Така си појде од овој свет

Ами да

Ама не од болест за која иљач има

Туку од болест која разјадува без да сетиш

Која денот ти го затемнува

А ноќта ја прај полна стравој

Која без сон те остава

И после пикај храна во себе к’о улав

Ама ништо на снагата не ти се фаќа

И смеј се к’о будала

Ама радост во срцето немаш

Никому

Ама никому да не бидеш чо’ек-отров

Ако не си за некого – пушти го

Не запирај му го саатот во градите

Не играј си со чо’ечка судбина

Оти поголем никој не е од животот

Освен смртта која доаѓа ко’ е пишана

Ниту да дајш пак некому моќ за отров да ти биде

Да ти го снеможи телото

Болести да те навјасаат

Умот од мисли да те боли

И да те притиска дишењето к’о којзнае ш’о напор е

Да не даваш никому да те убива со лажна надеж

и љубов

Со отровни зборој кои ќе ги затскрие со мирис

на цимет и мед

Со празни реченици за голема љубов

Зад кои нема дела, ниту пак сила

Да си ми најдеш пиле чо’ек-лек

Со него за да се смејш

Абе душата да ти игра од радост к’о ќе го опулиш

И рацете сами накај него да ти итаат

Телото да ми ти го сака

А умот да ти везе убајни покрај него

Да ти се прелева љубовта од очите

Таков чо’ек да си и ти некому

И таков чо’ек дома да пуштиш

Кој ќе ти го светне домот

И во него спокој ќе ти донесе

Кој од едното ќе знае две да стори

Од ништото – нешто

И во тишина ќе ти зборува

А ти ќе знаеш да му ги чуеш зборојте

Чо’ек-лек

Таквиот да го најдеш

Тој пиле

Само тој ќе знае да те сака

Ама онака ко ш’о ти треба за да си среќна

И само на оној ш’о ти чо’ек-лек ќе му бидеш

Ќе можеш да го љубиш

Од лекот – лек да прајте

За да ви трае

За уб’о

За љубов

За среќа

За живот пиле...за живот


За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска