Ана Бунтеска: Како некогаш

Добивај вести на Viber

(Напишана за Охрид фест 2019, во изведба на Биба Додева и аранжман и музика на Владимир Дојчиновски, која ја освои првата награда од публиката на поп- -вечерта и интернационалната вечер. Посебна благодарност до отец Пимен кој даде стих што внесе душа во песната.)

Си одиш без збор

без надеж за допир

како безумност

низ која тивко чекорам

Ми оставаш бол

кој жедно го пијам

за да преживеам

во овој живот без тебе

да самувам

без тебе до мене.

Ех, да може како некогаш

да те дишам

да сум жива јас.

Ех, да може с` да застане

само она време да не престане

кога ти и јас

ко едно дишевме.

И повторно молк

со спомени тажни

само извори

од солзи неисплакани.

Ти оставам збор

за да ме памтиш

дур заминуваш

од овој град без музика

дур замирам

без здив во душава.

Ех, да може како некогаш

да те дишам

да сум жива јас.

Ех, да може с` да застане

само она време да не престане

кога ти и јас

ко едно дишевме.


За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска

Фото: Стојан Стојановски