Ана Бунтеска: Кажи ми

Добивај вести на Viber

Еве, кажи ми

без да ме сожалуваш

без ниту еднаш да помислиш

дали надве ќе ме расечеш

и дали некогаш ќе можам

тие две половинки да ги закрпам.

Кажи ми на истиот начин на кој

убави думи ми кажуваше

со мирен глас и сигурни прсти

дур ракава и на сон ми ја држеше

ете така кажи ми дека не ме љубиш

без гласот да ти затрепери

или некоја буква да згрешиш

дека низ денот не ме мислиш

и дека во ноќите не ти идам

дека не ти недостасувам

и дека сепак сум била само привидение.

Кажи ми

со спокој и без колебање

кажи ми оти гласот мој не ти врти во умот

и дека секоја мисла за мене

ја оттурнуваш со раката

како досадна мува во жежок ден

дека не ти иди во барем еден миг

да ми раскажеш како денот ти врвел

и да ми се смееш оти за три минути

ќе ти го зовријам умот со дрдорење.

Еве, кажи ми,

кажи ми дека крајот го виде пред мене

и дека зад него не ти стојам дури ни ко сенка

дека си добро

10

Ана Бунтеска

дека тишината ти е лек

онака како што моето зборување ти беше.

Кажи ми,

кажи ми дека смешна сум што те пишувам

и дека на годиниве не ми личи вака што тагувам

дека ќе ми минеш

и дека некој друг поарен за мене ќе е

дека немало љубов со среќен крај

оти и онака крајот на што било среќен не е.

Кажи ми,

кажи ми дека ме одмина

и дека во широк круг и мислата за мене ќе ја одбегнуваш.

Кажи ми с`

освен дека вака поарно е

и дека така требало да биде

оти кај мене ниту поарно ќе биди

ниту вака требаше да е.

Кажи ми,

кажи ми дека луда сум

што по тебе уште боледувам

и дека нетокму сум

што вака песни распостелувам

само не ми кажувај да се обидам да те заборавам

и слепа и глува да сум дека не си ми се случил

и ти и ова што во мене боли,

само тоа премолчи го

само тоа не кажувај ми го


За Женски Магазин, Ана Бунтеска